Податоците од индиското Министерство за здравство покажаа дека земјата забележува рекордно високо ниво на заразени на дневнo ниво со корона вирус, бидејќи случаите регистрирани во средата достигнале 95.735 лица.

Вкупниот број на заразени во земјата достигна  4.465.863 лица откако ќе бидат вклучени и ново регистрираните инфицирани, со бројот на жртви од корона вирусот од 75.062 лица откако здравствените власти потврдија дополнителни 1.172 смртни случаи поврзани со вирусот.

Вкупниот број на оздравени, достигна вкупно 3.471.783 лица, за 72.939 повеќе од последното објавеното ажурирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.