Двете предни кули на Нотр Дам се спасени, соопшти противпожарната служба. Еден пожарникар е сериозно повреден во пожарот што за неколку часа ја голтна Богородичината црква во Париз.

Конструкцијата на Нотр Дам е „спасена од целосно уништување“, соопштиле противпожарната служба.

И државниот секретар ги потврди зборовите на пожарникарите, дека зградата е безбедна:

Пожарот е послаб. Сега сме во фаза на ладење, но обете кули (напред) се безбедни. Сè уште се обидуваме да ги спасиме уметничките дела од катедралата, рече Лорен Нун, државен секретар во француското Министерство за внатрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.