Затворски чувари со часови ловеле мачка која се обидела да внесе мобилен телефон во зградата на државниот затвор, објавија властите во Костарика.

Мачката е фатена по петчасовна потрага.

Таа најпрво побегнала во канализацијата, а ја забележал еден од чуварите на затворот „Ла реформа“ во градот Сан Рафаел де Алахуела, близу главниот град Сан Хозе.

„Многу се намачивме додека ја фативме зошто се вовлече во канализацијата“, рекоа од чуварската служба на затворот. Кога конечно ја извлекле, на нејзиниот грб е пронајдена вреќичка со два мобилни телефони, полнач и картички.

Групи криминалци често ги користат животните за преку нив да испратат пораки до затворениците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.