Норвешкиот министер за здравство најави „сосема поинаква состојба“ на пандемијата до Велигден.
Норвешка планира да користи три вакцини, тие од „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Фајзер“ / „БиоНТех“.
Норвешката Влада нарачала вакцини за околу 1,25 милиони луѓе во првиот квартал од следната година. Норвешка има 5,4 милиони жители, а како земја надвор од Европската Унија, под механизмот на ЕУ, ќе добие пристап до вакцините преку Шведска, која ќе купи поголема количина, а потоа ќе ја продаде на западниот сосед по Новата година.
До Велигден, ќе имаме сосема поинаква ситуација од денес – изјави денеска норвешкиот министер за здравство, Бенте Хои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.