Светската програма за храна ја доби Нобеловата награда за мир на онлајн церемонија поради пандемијата на корона вирусот.
Прво, претседателката на норвешкиот Нобелов комитет, Берит Реис-Андерсен во главниот град на Норвешка, Осло даде онлајн изјава, по што шефот на Светската програма за храна, Дејвид Бизли, одржa говор во Рим, каде што се наоѓа седиштето на оваа организација.
Организацијата ја доби престижната награда за нејзините напори во борбата против гладот во светот.
Година беа именувани 12 лауреати во шест категории, но освен на добитникот на наградата за мир, наградите им беа доделени во изминатите денови на церемонии низ цела Европа и во САД, во местата каде што живеат добитниците.
Нобеловата награда доаѓа со парична награда од 10 милиони круни (1,1 милион американски долари), диплома и златен медал.
Традиционално, сите раскошни церемонии за доделување на Нобеловата награда се одржуваат на 10 декември, на годишнината од смртта на основачот на наградата Алфред Нобел во Стокхолм, освен наградата за мир која се доделува во Осло, во соседна Норвешка, поради причини кои Нобел ги зачувал за себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.