„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги испиша имињата на илјада луѓе кои починаа од коронавирусот, со цел да се укаже дека бројот на починати луѓе од ковид-19 во САД е близу 100 000 лица.

САД се први во светот по бројот на починати од ковид-19. Според Ворлдметерс, во земјата се пријавени 1. 666. 828 случаи на новиот коронавирус и 98. 683 смртни случаи.

Сите вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети со список на имиња и извадоци од некролози во спомен на жтвите, додека САД се приближуваат до „темната пресвртница“ на 100,000 жртви на коронавирусот.

Помошникот графички уредник Симоне Ландон изјави дека таа и нејзините колеги сфатиле дека „има малку замор од податоците “ меѓу нив, како и во пошироката јавност.

Страницата е составена од новинар кој разгледувал некролози и известувања за смртта преку извори на интернет и составил список со скоро 1.000 имиња, се вели во соопштението.

Кратките извадоци земени од некролози и наведени на насловната страница, даваат чувство за „уникатност на секој изгубен живот“, вклучувајќи ги и „Ален Лунд, 81, Вашингтон, диригент со најубаво уво“ и „Тереза ​​Елои (63), Њу Орлеанс, позната по тоа што прави цветен накит“.

Според американскиот универзитет Џон Хопкинс, САД имаат 1,6 милиони случаи на инфекција со коронавирус. Во моментов, САД има најголем број смртни случаи поврзани со коронавирус во светот.

Во државата Њујорк, американската држава најтешко погодена од пандемијата, има повеќе од 360.000 потврдени случаи и околу 29.000 смртни случаи.

Со 84 смртни случаи, во петокот беше првиот ден од март наваму кога дневниот биланс на жртви се спушти на двоцифрен број.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.