Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во Еквадор е меѓу најголемитево светот и се претпоставува дека починале 15 пати повеќе луѓе отколку официјалната статистика.
Според „Њујорк тајмс“ сликите од безживотни тела на тротоарите, нафрлани на колички или во картонски ковчези укажуваат на тоа дека земјата е разорена од пандемијата со новиот коронавирус.
Во Еквадор од 1 март до 15 април починале 7.600 луѓе, што е за 15 пати повеќе во споредба со просекот од минатите години. Тоа е спротивно од тврдењето на властите дека како последица од пандемијата починале 503 луѓе.
„Њујорк тајмс“ посочува и дека во првите две недели од април трипати е зголемен бројот на смртни случи.
Според официјалните податоци, во Еквадор заразени со новиот коронавирус се 11.183 луѓе, а оздравеле 1.328.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.