Во Њујорк се покренати обвиненија против компанијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и нејзиниот финансиски директор, Ален Вајселберг.

Извор близок до случајот, за британските медиуми открива дека првите обвинувања биле потврдени откако њујоршкото обвинителство повеќе од две години водело истрага за Донадл Трамп и неговата деловна активност.

Обвиненијата против компанијата на Трамп и нејзиниот финансиски директор се очекува денеска да бидат презентирани пред големата порота во Менхетен, но и дека обвинетиот директор утринава самиот ќе им се предаде на властите, .

Добро информираниот извор, најавува дека денеска и официјално ќе биде покренато обвинението против соработникот на Трамп пред Врховниот суд на Њујорк на Менхетен.

Адвокатот на Трамп потврдува дека оваа недела не се очекува обвинение против поранешниот претседател, иако целиот случај може да ги комплицира политичката иднина и претседателските амбиции на Доналд Трамп за 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.