Американската сојузна држава Њу Џерси дозволи сопствениците на возачки дозволи во документот да се идентификуваат со полот „X“, со што се приклучи на групата од 19 сојузни американски држави кои, заедно со Вашингтон ДЦ, од претходно имаат воведено ваква одлука.
Комисијата за моторни возила во Њу Џерси (МВЦ), објави дека дополнителната опција за пол е официјално ставена на располагање, во согласност со дел од законот усвоен во 2018 година за да им се овозможи на жителите полесно да го менуваат својот родов идентитет.
Новиот идентификатор на полот „X“ ќе означува дека полот на една личност е непрецизиран, што е голем напредок за оние кои се идентификуваат како небинарни лица или за оние кои не се идентификуваат како мажи или жени.
Комисијата истакна дека ознаката „X“ може да се користи и од жители кои не сакаат полот да им биде наведен на дозволата или на друга идентификација.
Промената првично беше планирана за крајот на 2020 година, но беше одложена поради пандемијата.
Разновидноста и инклузијата се основни вредности на Њу Џерси и на сите нас во МВЦ – изјави главната администраторка на комисијата, Су Фултон.
Овој потег доаѓа во време кога сè повеќе држави овозможуваат повеќеродни идентификатори во државните документи.
Воведувањето на опцијата „Х“ е дел од долготрајното лобирање на трансродовата заедница да овозможи полесни промени во половите ознаки во документите.
Правилната полова идентификација во официјалните документи помага во заштитата на безбедноста на трансродовите лица и им овозможува подобар пристап до домување, вработување или други јавни бенефиции – тврди Националниот центар за трансродова еднаквост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.