Ниту една нација не го претрпела тоа што Унгарците го претрпеа во изминатиот век, порача премиерот Виктор Орбан на стогодишнината од договорот од Тријанон, со кој огромен дел од Унгарија беше распарчен меѓу соседните земји. По поразот на Австро-Унгарската Империја во Првата светска војна, Унгарија загуби повеќе од половина од својата територија, во полза на Романија, Србија, Словачка, Украина и Хрватска. Договорот од Тријанон се смета за најтежок национален пораз на Унгарија.
Не само што издржавме, туку денес повторно победуваме. Ние не станавме германска провинција, ниту турски вилает, ни советска република. Ние Унгарците сме голема, државотворна култура, порача Орбан.
Премиерот го посети градот Шаторауахељи, на границата со Словачка, кој е поделен на два дела со договорот од Тријанон. Во близина на градот е изграден споменик на поделбата на Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.