Британскиот премиер Борис Џонсон и другите лидери на Г-7 не успеале да ги убедат САД да ги задржат војниците во Авганистан за да продолжат напорите за евакуација и по крајот на месецот.

Се очекуваше британскиот премиер да изврши притисок врз американскиот претседател Џо Бајден да ги задржи своите сили на терен после 31 август, бидејќи тие обезбедуваат сигурност на аеродромот во Кабул за да им се овозможи на луѓето да ја напуштат земјата.

Но, по вонредниот состанок на лидерите на Г-7, со кој претседаваше Џонсон, Бајден изјави  дека рокот останува во сила.

Ќе направиме сè што можеме до последна минута, но слушнавте што рече претседателот на САД, слушнавте што рекоа талибанците – изјави Џонсон и изрази увереност дека можат да се извлечат илјадници други.

Сепак, тој истакна дека ситуацијата на аеродромот не се подобрува.

Џонсон изјави дека лидерите се согласиле за „условот број еден“ по 31 август, талибанците да мора да обезбедат „безбеден премин за оние што сакаат да излезат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.