Само три дена откако објави дека УСС Нимиц го напушта Персискиот Залив, Пентагон ја смени одлуката и одлучи моќниот носач на авиони да остане на Блискиот Исток поради иранските закани кон претседателот Доналд Трамп.

Наредбата за продолжување на мисијата е издадена во неделата од вршителот на должност министер за одбрана, Крис Милер, кој изјави дека никој не треба да се сомнева во решителсноста на САД. Веста доаѓа точно една година по американскиот атентат врз иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Само три дена пртходно, Милер ја упати групата „Нимиц кериер страјк“ да се врати дома во Бремертон, Вашингтон, по 10-месечната мисија, што е подолго од вообичаеното, фалејќи го екипажот за напорната работа, посветеноста и флексибилноста покажана за време на мисијата. Ротацијата беше сфатена од некои американски медиуми како обид за деескалација на тензијата со Иран.

Имаше многу тврдења дека во последните денови од претседателствувањето на Трамп може да се случи некаков инцидент меѓу американски трупи и Иран. Самиот Техеран предупреди дека Израел може да почне операција за да поттикне војна помеѓу нејзиниот покровител во странство и неговиот регионален клучен непријател. Сепак, годишнината од смртта на генералот Сулејмани помина без поголеми превирања.

Техеран смета дека убиството на Сулејмани е чин на државен тероризам извршен од САД. Откако тоа се случи пред една година, иранската војска изврши ракетни напади против две американски бази во Ирак, испраќајќи предупредување преку ирачките канали и давајќи им на војниците доволно време да се засолнат. Покажувањето сила не резултираше со жртви од американска страна.

Како што се приближуваше годишнината, голем број високи ирански официјални лица изјавија дека убијците на Сулејмани, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, нема да избегаат од правдата. Претседателот Хасан Рохани предвиде дека судбината на Трамп ќе биде слична на онаа на Садам Хусеин и го прослави крајот на неговото претседателствување, велејќи дека тој ќе оди на буништето на историјата.

Некои американски медиуми ја протолкуваат пораката како закана со смрт. Техеран бесно ги отфрли обвинувањата, велејќи дека убиството на странски лидери е американско-израелски препознатлив метод, а не нешто што го практикува Иран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.