Ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент за ставање крај на деценискиот спор за името значи почеток на нова ера на безбедност на Балканот, изјави посредникот на ОН во преговорите, Метју Нимиц, во писмено соопштение, неколку часа по гласањето во Атина.

„Сакам да им честитам на Парламентот и на Владата на Грција за визионерскиот чекор. Оваа историска спогодба меѓу двата соседа ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и е влез во нова ера за зацврстување на мирот и безбедноста на Балканот”, вели Нимиц.

Тој додава дека очекува комплетирање на процесот како што предвидува Договорот и ја потврди заложбата на ОН да работа со двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.