Шест лидери на држави од Јужна Америка и Карибите побараа од меѓународната заедница еднаква достапност на вакцините против Ковид-19.

Тие ги повикаа земјите што имаат најмногу дози да споделат со другите.

Упатуваме силен повик до земјите кои имаат вишок дози и оние кои вакцинирале ризични групи да преземат чекори за распределување на тој вишок праведно и што е можно поскоро – се вели во заедничкото соопштение издадено од претседателот на Костарика, Карлос Алварадо.

Покрај Алварадо, повикот го потпишаа и аргентинскиот претседател Алберто Фернандез, мексиканскиот Андрес Мануел Лопез Обрадор, премиерот на Јамајка Ендру Мајкл Холнес, боливискиот претседател Луис Алберто Арсе Катакора, еквадорскиот Гуљермо Ласо Мендоза и уругвајскиот, Луис Алберто Лакале Поу.

Од потрошените 1,3 милијарди дози ширум светот, повеќе од половина биле потрошени во пет земји кои учествуваат со 50 проценти од светскиот БДП, покажуваат официјалните податоци.

Никој нема да биде безбеден се додека не бидеме сите безбедни. Ќе биде можно да се запре пандемијата само кога вакцината ќе допре до ранливите популации ширум светот. Земјите со ниски примања примиле само 0,3 проценти од светските дози на вакцините. Појавата на „нови, поопасни мутации на вирусот предизвикани од Ковид-19 покажува дека изолираната вакцинација, во некои земји, не е ефикасна стратегија за излез од акутната фаза на пандемија – се наведува во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.