Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е за независна истрага за пренасочувањето на патничкиот авион на ирската компанија Рајанер кон Минск и апсењето на белоруски опозиционер, кој патувал во него.

Портпарол на Гутереш изјави дека шефот на ОН ги поддржува повиците за „целосно транспарентна и независна истрага за овој загрижувачки инцидент“ и ги повика сите актери да соработуваат во истрагата.

Тој е „длабоко загрижен за навидум присилното слетување на авион со патници во Белорусија и потоа апсењето на новинарот Роман Проташевич“, се вели во изјавата на портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дижарик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.