Авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој слета во Њујорк, поради огромните турбуленции од неговите патници повредени се 32. Авионот летал на редовна линија од Истанбул до Њујорк, а турбуленциите почнале 45 минути пред слетувањето на аеродромот Џон Кенеди.
Десет повредени патници се пренесени во болница, а на другите им е пружена помош на аеродромот. На едниот од патниците му била скршена ногата, а повеќето патници биле исечени по телото и имале модрици по телото.
Поради што настанале турбуленциите се уште не е познато, а од Њујоршкиот аеродром се уште нема изнесено детални информации за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.