Повеќе од 450.000 домови во Мелбурн и австралиската држава Викторија останаа без електрична енергија во текот на ноќта поради силните ветрови кои соборија дрвја и откорнаа покриви од куќите.

Од комапнијата за локална дистрибуција на електрична енергија соопштија дека е направена голема штета и дека многу домаќинства ќе бидат без струја во текот на претстојниот викенд.

Службата за итни случаи во Викторија соопшти дека примила повеќе од 2.500 повици за помош и дека околу 300 луѓе пријавиле штета.

Околу 125.000 домови останале без интернет и тоа ќе влијае на работата на оние кои работат од дома поради епидемијата на корона вирусот.

Метеоролошката служба соопшти дека во некои области ветерот достигнал брзина од 165 километри на час. Се очекува стабилизирање на времето во текот на денот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.