Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „Фокс њуз“ изјави дека Израел е првата земја во светот што излегла од пандемијата на корона вирусот благодарение на брзата и ефикасна кампања за имунизација на населението.

Нетанјаху порача дека со „зелениот пасош“ веќе ќе може да се оди во ресторани, театри и  на спортски настани, проценувајќи дека еврејската држава во голема мера завршила со борбата против корона вирусот.

Израел беше познат, но и сега е познат, како стартап нација. Од денеска земјата ќе биде позната и како земја на вакцинацијата. Ние му даваме пример на светот, ние сме многу горди на тоа – изјави Нетанјаху, истакнувајќи дека, сепак, не смета дека се е готово и дека маските треба да се носат уште некое време.

Израелските медиуми наведуваат дека здравствените власти во земјата не го делат целосно убедувањето на Нетанјаху, бидејќи предупредуваат дека новите мутации на корона вирус може да ги нарушат плановите за брзо враќање во нормалниот живот.

Првата доза на вакцината на „Фајзер“/„БиоНТек“ ја примија повеќе од половината од вкупното население од 9,3 милиони жители, а речиси 40 проценти од нив ја примија и втората доза, што е повеќе отколку во која било друга земја во светот.

Нетанјаху најави дека до 5 април економијата во земјата во целост ќе се врати на вистинскиот колосек.

Израелскиот премиер истакна и оти се надева дека успешната вакцинација ќе придонесе и за негова победа на општите избори закажани за 23 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.