Патничкиот авион Ан-24 на авиокомпанијата „Ангара“ принудно слета на аеродромот во Нижнеангарск во Русија и притоа загинале двајцата пилоти.

Сите патници се спасени.

Две лица загинаа денеска, а 22 се повредени при принудното слетување на патничкиот авион „Ан-24“ на југоистокот на Сибир.

Во авионот имаше 46 луѓе, меѓу кои четири членови на екипажот, соопшти локалното министерство за вонредни ситуации.

Авионот полетал од аеродромот во Нижнеангарск за Улан Уде, меѓутоа набргу по полетувањето му откажал еден од моторите, поради што пилотите донеле одлука да се вратат.

Министерството навело дека авионот на компанијата „Ангара“ ја промашил пистата при принудното слетување, удрил во помал објект за потоа во леталото да избие пожар кој бил локализиран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.