Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир.Но малкумина знаат за што вслушност беа во конфликт овие две држави.

Еритреја беше дел од старата етиопска држава. Кон почетокот на 60-тите од минатиот век, беше основано движење за независност на Еритреја кое доведе до тродецениска граѓанска војна.

Еритреја се отцепи од Етиопија во 1993 година по 30-годишна граѓанска војна. По објавувањето независност следеше територијален спор за границата што прерасна во оружени судири во кои од 1998 до 2000 година загинаа околу 80.000 луѓе.

Наградата, во вредност од околу 900.000 долари на Ахмед ќе му биде доделена во Осло на 10 декември.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.