Патниците сите земји кои не се членки на Европската Унија, вклучително и од Македонија, од 22 декември ќе мора да приложат негативен ПЦР или антиген тест при влез во Холандија. Како што појасни холандската амбасада во Скопје, оваа мерка се однесува и на оние кои се целосно вакцинирани и на оние кои неодамна го прележале ковид-19.
Мерката следи по нововедениот божиќен локдаун, кој ќе трае до 14 јануари, а е со цел да се спречи ширењето на Омикрон варијантата на коронавирусот.
Сите продавници, освен оние за основни намирници, училиштата, баровите, рестораните и другите јавни места ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари.
Премиерот Марк Руте рече дека ограничувањата се „неизбежни“. Холандскиот национален институт за јавно здравје соопшти дека во земјата се регистрирани повеќе од 2,9 милиони случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата и повеќе од 20.000 смртни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.