Европскиот парламент гласаше за укинување на летното и зимското сметање на времето. Изгласано е од 2021 да се укине поместувањето на часовникот, кое со децении се случуваше двапати годишно, во март и во октомври.

Земјите што планираат да останат на летното сметање на времето би требало стрелките на часовникот да ги поместат последен пат во март 2021, а оние што ќе го одберат зимското сметање ќе ги нагодат своите часовници последен пат во октомври 2021, јавуваат агенциите.

Голем број држави ја вовеле промената на времето двапати годишно за време на нафтената криза во седумдесеттите, како обид за заштедување енергија.

Од 1996 сите земји-членки на ЕУ истовремено го менуваат своето време.

Одлуката сега оди пред парламентите на земјите-членки на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.