Европската агенцијаз за безбедност во сообраќајот предложи новите автомобили кои ќе се продаваат на подрачјето на ЕУ да имаат задолжително граничник на брзината.

Европратениците го усвоија ваквиот предлог и новата мерка би требало да заживее во рок од најмногу три години во сите земји – членки на ЕУ.

Ограничувачите на брзината наречени Intelligent Speed Asistance користат софтвер на препознавање на сообраќајните знаци за ограничување на брзината , ккао и ГПС податоците и ја одредуваат максималната брзина на одреден дел од патот , а потоа автоматски ја ограничуваат брзината со намалување на силата на моторот.

Од Европската агенцијаз а безбедност во сообраќајот сметаат дека со ваквите ограничувачи ќе биде намален бројот на сообраќајни несреќи за 30 % и ќе се сочуваат 25 000 животи во првите 15 години од почетокот на нивната примена .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.