Еден од кандидатите за претстојните избори за претседател на САД, Пит Бутиџеџ (37), не само што би можел да стане најмладиот претседател во историјата на оваа земја, туку и прв претстедател кој отворено признал дека е хомосексуалец, а тој самиот истакнува дека не верува дека би бил првиот геј претседател.
Тој во интервју за Ејџ-Би-О, прашан за критиките дека е „премлад, премногу либерален и хомосексуалец“ за да биде прв човек на државата, одговори дека ќе објасни како сака да ја води државата.
– Луѓето ќе бираат личност која ќе биде најдобриот претседател. Имавме одлични претседатели кои беа млади, имавме одлични претседатели кои беа либерални. Претпоставувам дека веројатно сме имале и одлични претседатели кои биле геј – одговори Бутиџеџ.
Според него, речиси извесно е дека и пред него постоел геј претседател на САД, но дека тоа никогаш јавно не било прикажано, а дека некои од нив дури биле и женети.
Pete Buttigieg says “it’s almost certain” he wouldn’t be first gay president https://t.co/GbJs9Jo3pb pic.twitter.com/uAqtgvReII
— CBS News (@CBSNews) June 17, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.