Бензинските станици на британскиот БП и американскиот ЕксонМобил се затворени во Велика Британија поради проблеми со испораката на гориво, бидејќи на овие компании им недостасуваат возачи на цистерни.
Нафтениот гигант БП денеска објави дека голем број од нејзините бензински пумпи во Велика Британија се „привремено затворени поради недостаток на безоловно гориво и дизел“.
БП наведува дека има проблеми со снабдувањето со бензин на некои продажни места во Обединетото кралство поради недостаток на возачи на цистерни низ Велика Британија.
Американскиот гигант ЕксонМобил, сопственик на бензинските пумпи Еко, од своја страна објави дека дел од 200-те станици во Велика Британија исто така се затворени поради проблеми со испораката на гориво.
Проблемите со снабдувањето се последица на епидемијата на коронавирус, која принуди многу возачи на камиони, претежно странски, да се вратат во своите земји, додека центрите за обука за нови возачи се затворени со месеци.
Во исто време, доаѓањето на нови возачи од Европската унија во Велика Британија сега е покомплицирано по Брегзит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.