Првиот крузер од почетокот на пандемијата на корона вирусот тргна на крстарење од Венеција и помина низ „срцето на градот“, а на копно и на море неколку стотици луѓе протестираа против враќањето на големите бродови.
На крстосувачот МСЦ Оркестар има околу 1.000 патници, а бродот тежи околу 90 тони, според АП.
Сепак, враќањето на крузерот по 18 месеци, во Венеција го оживеа движењето што се противи на минувањето на големите бродови низ центарот на градот поради безбедноста и екологијата.
Италијанската влада вети дека ќе забрани големите бродови да минуваат низ Венеција, но ќе биде потребно време за да се постигне таа цел, па затоа нема привремено решение за пренасочување на крузерите пред следната летна сезона.
Венеција стана едно од главните пристаништа за крузерите во последните две децении, а во 2019 година низ градот поминале 667 големи бродови, покажуваат податоците на Меѓународната асоцијација за крстарење.
Здружението за заштита на животната средина во Венеција побарало од властите да забранат крузерите да минуваат низ Венеција во рок од 15 дена, или во спротивно ќе преземат законски мерки.
Пред пандемијата, Венеција имала намера да воведе такси за влез во градот поради големиот број туристи, што ги имало 25 милиони годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Comments are closed for this post.