Премиерите на неколку германски покраини застанаа во одбрана на своите планови за ублажување на рестриктивните мерки откако канцеларката Ангела Меркел ги критикуваше нивните одлуки и изјави дека сојузната Влада треба да ги преиспита.

Учесниците на онлајн конференција за агенцијата ДПА изјавиле дека Армин Лашет, лидерот на ЦДУ и премиер на Северна Рајна Вестфалија; премиерот на Шлезвиг-Холштајн Даниел Гинтер и премиерот на Сарланд, Тобијас Ханс биле меѓу функционерите кои го бранеле регионалното олеснување на мерките.

Лашет и Ханс, кои сметаат дека огромното засилување на брзи антигени тестови ќе оди рака под рака со олеснување на одредени ограничувања во нивните држави, истакнале дека нивните стратегии ќе помогнат да се следат случаите на корона вирусот и затоа ќе се спречи трет бран на инфекции.

Ханс изјавил дека „дозволувањето на луѓето да влегуваат во социјални ситуации ако можат да покажат негативен резултат од тест ќе ги спречи луѓето да ги кршат правилата зад затворени врати“.

Германија чека да види што ќе направи Меркел откако таа првично ги отфрли обидите на некои државни лидери да ги олеснат рестриктивните мерки воведени за да го спречат тешкиот трет бран на инфекции, во кој доминира британската мутација на корона вирусот, пишува ДПА.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.