Индиските власти соопштија дека земјата достигнала негативен рекорд од 200.739 нови случаи на инфекција со Ковид-19 во изминатите 24 часа. Тоа е првпат дневната бројка на нови зарази да се искачи над 200.000.
Според Министерството за здравство, за 24 часа има нови 1.038 смртни случаи, со што вкупниот број смртни случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 173.123 лица. Вкупниот број заразени во Индија се искачи на 14,1 милиони, со што Индија е веднаш зад САД, кои се водечка земја на глобалната црна листа со 31,4 милиони случаи на инфекции со корона вирусот.
Претходно годинава Индија имаше помалку од 10.000 нови случаи на ден, но заклучно со 2 април, таа е најпогодена земја во светот според бројот на нови инфекции.
Најтешко е во најбогатата сојузна држава Махараштра, чиј главен град е Мумбаи, каде што се регистрирани една четвртина од сите случаи во земјата. Строгите ограничувачки мерки таму стапија на сила во средата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.