Главниот град на Кина, Пекинг, e погоден од силна бура со силни ветрови кои донесоа огромни количества песок од пустината Гоби во северозападна Кина.

Според метеоролозите, станува збор за најсилната песочна бура во реонот во последната деценија. Песочната бура се движи кон кинеските провинции Гансу, Шанси и Хубеи.

Честичките ПМ10 во некои реони на Пекинг достигнаа до 8.000 микрограми на метар кубен, а дозволената граница е 50. Во меѓувреме, честичките ПМ2 се на ниво од 300 микрограми на метар кубен, а дозволени се 35.

Поради песочната бура се откажани 428 летови од аеродромите во Пекинг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.