Брачниот пар Акбар и Иран Хараминд од Иран се обвинети за убиството на нивниот син Бабак, познат режисер кој бил распарчен откако се вратил дома од Лондон. Како што пренесуваат светските медиуми, мотивот на родителите за убиството бил што Бабак не бил женет, па се сомневале дека е хомосексуалец.
Деловите од неговото тело биле пронајдени во куфери и торби, по што родителите биле уапсени.
Истрагата покажала дека пред неколку години Аквар и Иран ја убиле и нивната ќерка Ареза и зетот Фарамраз.
Не чувствувам ни ронка каење. Беа расипани, неморално се однесуваа, признал таткото пред иранските обвинители.
Неговата жена признала дека заедно ги планирале убиствата.
Воопшто не сум тажна, многу патев поради нив, рекла таа.
Истрагата засега покажала дека трите убиства се извршени на ист начин. Тие прво би ги онесвестиле жртвите, потоа би изболе со нож и на крајот ги исекле на парчиња.
И покрај новите закони чија цел е да се искорени убиството од чест во Иран, експертите се согласуваат дека има многу малку волја за овој проблем навистина да се реши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.