Шпанката Кристина Дуран го обвини јавниот транспорт во Валенсија за дискриминација откако не и било дозволено да влезе во автобус поради тоа што наводно била премногу разголена.
Ми забранија да се качам во автобусот со образложение дека сум била премногу разголена и тоа можело да ги навреди другите патници. Не носев бикини, туку топ кој не откриваше ништо. Се чувствувам дискриминирано – напиша младата девојка, чија сметка на Твитер е @CristinaD20, притоа објавувајќи фотографија од парчето облека што го носела.

Девојката објаснува дека нејзината жалба е мотивирана и од тоа што не постои правилник за тоа како треба да се облекуваат корисниците на градскиот превоз.
Не постојат конкретни правила со кои се забранува одредена облека. Претходно без проблем се возев во два други автобуса, па така ова беше норматива или дискриминација – прашува Дуран.
Од градскиот превоз на Валенсија, исто така преку Твитер, и одговорија на Дуран на обвинувањата.
Ве молиме, доколку ни доставите повеќеподатоци, ќе можеме подобро да го испитаме случајот за да преземеме неопходни мерки. Ви благодариме и изразуваме жалење за лошото искуство – се вели во Твитот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.