Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека е сигурен оти руските разузнавачки служби го труеле со нервен агенс „новичок“, затоа што претставувал закана за власта пред парламентарните избори следната година.
Свесни се дека постојат големи, големи проблеми, кои им претставуваат закана пред изборите за Државна дума – истакна Навални.
Тој нагласи дека не знае како нервниот агенс влегол во неговиот систем, додавајќи дека постои можност да допрел нешто. Навални додаде дека неговото закрепнување би можело да трае уште два месеца.
Рускиот опозиционер истакна дека има проблем со тресење на рацете, оди на физикална терапија, неговото здравје е значително подобрено, а лекарите се изненадени од брзото закрепнување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.