Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој помина две и пол години во затвор надвор од Москва, денеска изјави дека е затворен во „вистински концентрационен логор“.
– Морам да признаам дека рускиот затворски систем успеа да ме изненади. Немав идеја дека е можно да се создаде вистински концентрационен логор на 100 километри од Москва, напиша Навални на Инстаграм со неговата фотографија.
Тој додаде дека се наоѓа во казнената колонија број 2 во градот Покров во Владимирската област.
Не се знае точно каде се наоѓа Навални, откако неговиот правен тим минатата недела соопшти дека тој бил пренесен од затворот во близина на Колчугино и не им било кажано каде е однесен.
Навални (44), еден од најпознатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше затворен на почетокот на оваа година со пресуда за која западните земји ја осудија како политички мотивирана
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.