Рускиот дисидент Алексеј Навални, кој го обвини Кремљ дека се обиде да го отруе во август минатата година, планира во недела, на 17 јануари, да се врати во Москва.

По обидот за труење со нервниот агенс „Новичок“, Навални од август се наоѓа во Германија.

Во недела, со авион на руската авиокомпанија „Победа“ ќе отпатувам за Русија – напиша Навални на Твитер.

Лабораториите во Германија, Франција и Шведска утврдија дека тој бил отруен со нервниот агенс „Новичок“. Европската унија воведе санкции за Русија поради труењето.

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли сите обвинувања, додава ДПА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.