Рускиот опозициционер, Алексеј Навални, е итно пренесен во болница поради можна респираторна болест и бил тестиран за корона вирус, објави весникот „Известија“, повикувајќи се на затворската служба.

Навални претходно се пожалил дека има треска и силна кашлица и оти тројца од 15-те затвореници во неговото одделение се лекуваат во болница од туберкулоза.

Еден од најистакнатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека почнува штрајк со глад.

Навални (44) исто така тврди дека управата во затворот не му обезбедила соодветна медицинска нега за акутни болки во грбот и нозете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.