Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, нагласи дека Aлијансата ќе го задржи своето цивилно дипломатско присуство во Авганистан, додека се обидува да даде поддршка за авганистанската влада и безбедносните сили во пресрет на офанзивата на талибанците.

Нашата цел останува да ги поддржиме авганистанската влада и безбедносните сили што е можно повеќе. Безбедноста на нашиот персонал е најважна. НАТО ќе го задржи дипломатското присуство во Кабул и ќе продолжи да се прилагодува по потреба – наведе Столтенберг, во изјавата по средба на претставниците на НАТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.