Законот за национална безбедност на Кина ја поткопува автономијата на Хонг Конг и го крши владеењето на правото, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Јасно е дека Кина не ги споделува нашите вредности – демократија, слобода и владеење на правото, рече тој. Ова го гледаме во Хонг Конг, каде новиот закон за безбедност ја поткопува неговата автономија.
Соединетите држави веќе воведоа санкции и ограничувања за визи за кинеските службеници вклучени во ова прашање, додека Европската унија изјави дека разговара за можните мерки против Пекинг.
Јапонија, исто така, изрази жалење за усвојувањето на законот, истакнувајќи дека тој го поткопува кредибилитетот на формулата за управување „една земја, два система“. Тајванската Влада денеска ги предупреди своите граѓани за ризикот од посети на Хонгконг.
Кинескиот претседател Си Џинпинг во вторникот го потпиша новиот закон за национална безбедност за Хонг Конг, кој беше одобрен претходно истиот ден.
Пекинг вели дека законот, што доаѓа како одговор на минатогодишните чести насилни продемократски протести во Хонгконг, има за цел да се бори против субверзијата, тероризмот, сепаратизмот и договорите со странските сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.