Лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, побара воведување на построги мерки во Германија со цел да се спречи зголемувањето на заразата со корона вирусот.

Лашет, за кого многумина сметаат дека е наследник на Ангела Меркел на местото канцелар на Германија, истакна дека земјата мора да ги заостри мерките за надминување на јазот сè додека имунизацијата не ја подобри ситуацијата.

Ние сме многу блиску до целта. За последните метри ни е потребен дополнителен напор – изјави Лашет.

Истовремено, тој апелираше до граѓаните дополнително да ги намалат личните контакти со што ќе се спречи воведување полициски час во текот на ноќта, како и секој да работи од дома доколку е тоа можно.

Лидерот на ЦДУ додаде дека состанокот на премиерите на германските покраини е планиран за 12 април, но оцени дека треба да се одржи порано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.