Неколку стотици лица вчера протестираа во Луксембург против мерките воведени поради коронавирусот, јавија француските медиуми, додавајќи дека полицијата која го обезбедуваше протестот употребила водени топови и го растурила собирот, притоа апсејќи и неколку демонстранти.

Хеликоптери и дронови ги надлетуваа демонстрантите кои извикуваа „Слобода“, а на помош на луксембуршката полиција дојде и полицијата од соседна Белгија, поради нередите што на сличен собир избија на 4 декември.

Полицијата ја истурка групата демонстранти кои фрлаа петарди и димни бомби во поставените полициски барикади во центарот на градот.

Приведени се повеќе од 10 лица.

Властите ги заострија мерките против коронавирусот. Во Луксембург е задолжителна ковид пропусницата за влез во згради во кои се сместени културни и забавни настани.

Ковид пропусница или негативен тест за коронавирус од 15 јануари ќе бидат задолжителни и за вработените во сите фирми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.