Напаѓачот Брентон Тарант, кој уби 50 лица во две џамии во Крајстчрч, бил финансиран од десничарско австриско движење, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц, пренесуваат светските новински агенции.

Според Курц, напаѓачот бил финансиран од „Движењето за идентитет”, кое имало постојан контакт со терористите. „Ние можеме да потврдиме дека движењето обезбедило финансиска поддршка и, исто така, одржувало контакти со новозеландскиот напаѓач”, додаде Курц.

Канцеларот додаде дека таквите екстремистички настани немаат место во Австрија. „Неопходно е брзо да се истражат овие мрежи, да се утврди дали има измами на територијата на Австрија и да се казнат сите кои извршиле злосторство”, изјави тој.

Претходно беше соопштено дека поради сомневање дека има врски со Брентон Тарант, австриските безбедносни сили извршиле претреси во станот на официјалниот претставник на крајнодесничарското „Движење за идентитет”, Мартин Зелнер. Според истражителите, Зелнер добил трансфер од 1,5 илјади евра како донација од терористите од Нов Зеланд непосредно пред трагедијата.

Во ултрадесното „Движење за идентитет“ членуваат претставници од различни земји, особено од Германија, Австрија, Франција и Италија. Во Австрија и Германија движењето е под надзор на специјалните служби. Лоаклните медиуми, филозофијата на движењето, ја нарекуваат „модернизирана форма на расизам”.

Националистите велат дека нивната цел е да го намалат протокот на мигранти и да го зачуваат европскиот идентитет., користејќи ги социјалните мрежи за да го привлечат вниманието на јавноста.

Во двете џамии во Крајстчрч, на 15 март, беа убиени 50 лица, а други 50 беа повредени. Терористичкиот чин го изврши 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.