Дарел Брукс, човекот обвинет за повеќекратно убиство откако удри во божиќна поворка во градот Вокеша во Висконсин, е сослушан во судот кој му одреди кауција од пет милиони долари. Во меѓувреме, бројот на загинати се искачи на шест, откако осумгодишно момче им подлегнало на повредите, соопшти обвинителството.
Инспекторите соопштија дека 39-годишникот намерно возел низ полициски бариери и традиционалната поворка во Вокеша, мал град 32 километри западно од Милвоки.
Осомничениот беше обвинет по пет точки за убиство со намера од прв степен, пред да биде објавена смртта на осумгодишното момче, по што се очекува обвинението да биде проширено.
Дарел Брукс има криминално минато во три сојузни држави, а според судските документи, тој во 2020 година е обвинет за доведување на друго лице во опасност, додека на 5 ноември е обвинет за семејно насилство.
Осомничениот живее во Милвоки и е уапсен во близина на местото на настанот каде што уби шест и повреди повеќе од 60 луѓе, меѓу кои и 18 деца.
Претходно во ноември тој бил ослободен со кауција од 1.000 долари, откако бил обвинет за семејно насилство, а бил пријавен за семејна расправија пред нападот на поворката. Полицијата не го поврзува нападот со тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.