Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, по состанокот на кризниот штаб, доцна ноќва објави дека напаѓачите во центарот на Виена пукале кон луѓето кои седеле во кафулињата.

Пукано е во луѓето во баровите, особено кон оние кои седеле во бавчите, рече Лудвиг, додавајќи дека е запрепастен од нападот.

Тој истакна дека постои тесна соработка меѓу полицијата и градските власти и организации со цел да се пронајдат напаѓачите.

Градоначалникот информира дека еден од напаѓачите е убиен и дека се проверува неговиот идентитет, како и дека се проверуваат информациите дека носел појас со бомба.

Лудвиг рече дека меѓу убиените има и еден цивил и дека има 15 ранети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.