Маж со автомобил со голема брзина влетал во група пешаци за време на новогодишната ноќ во западна Германија, при што биле повредени најмалку четири лица.

Истражните органи во моментов веруваат дека се работи за умислен напад поврзан со ксенофобични ставови на возачот, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството.

Возачот бил уапсен кратко време по нападот што се случил во градот Ботроп во Северна Рајна-Вестфалија. Според истражителите, постојат информации дека станува збор за лице со нарушено психичко здравје. 50-годишниот напаѓач првично тргнал со автомобилот кон еден пешак кој успеал да се спаси. Тој потоа со автомобилот се упатил кон група пешаци во центарот на градот, меѓу кои имало Сиријци и Авганистанци.

Полицијата го уапси возачот кратко време по нападот. Тој признал дека е ксенофобичен, соопштија властите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.