Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, синоќа изјави дека уште едно лице починало како резултат на повреди здобиени во терористички напад во центарот на градот.
Освен еден маж, и една жена им подлегна во болница на повредите здобиени во нападот, изјави Лудвиг за ОРФ.
Aвстриската полиција утрово во резимето објави дека почина уште едно лице.
As of 06:30 am, this is what we can confirm towards the assault in Vienna’s inner city district: #0211w pic.twitter.com/AIzIovFyKh
— POLIZEI WIEN (@LPDWien) November 3, 2020
Покрај цивилите, убиен е и напаѓачот, кој кај себе имал автоматска пушка, пиштол и мачета.
Тоа укажува дека тој се подготвувал за овој напад, додаде тој.
Што се однесува до појасот што го имал околу себе, за кој се сметаше дека е експлозив, Лудвиг рече дека е утврдено дека станува збор за лажен појас за бомби. Тој додаде дека полицијата во моментов го проверува идентитетот на убиениот напаѓач, врз основа на што смета дека ќе биде утврден мотивот.
Австриската полиција додава дека утврдено е дека нападот имал „исламистички мотиви“.
Францускиот претседател Емануел Макрон доцна вчеравечер објави дека „Французите ја делат тагата на Австријците по терористичкиот напад во Виена“, најавувајќи „борба против непријателите на Европа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.