Во нападот во Вашингтон кога осомничен напаѓач удри со автомобил во безбедносната ограда пред Капитол, почина еден од повредените полицајци, јави Вашингтон пост. Според Јогананда Питман, вршител на должноста шеф на полицијата на Капитол, еден од полицајците бил прободен со нож, откако осомничениот излегол од колата и се нафлил врз нив со ладното оружје. Тој веднаш бил застрелан од полицајците.
Осомничениот кој денеска со силна брзина удрил со автомобил во безбедносна ограда пред Капитолот на САД, при што биле повредени двајца полицајци, бил убиен во пукотницата што уследила, јави денеска Њујорк тајмс.
Претходно следело гонење на автомобилистот.
Large police presence and two stretchers being brought out pic.twitter.com/EmidoLP0PT
— Jacqui Heinrich (@JacquiHeinrich) April 2, 2021
Поради инцидентот, кој се случил на оградата поставена кај северниот приод на Капитолот, целиот комплекс од згради околу американскиот Конгрес е затворен. Полицијата им препорачала на вработените да останат внатре во објектите или да се засолнат ако се надвор.
Поради Велигденските празинци, Конгресот викендов не работи, конгресмените, како и претседателот Џо Бајден, кој денеска замина за Кемп Дејвид, не се во Вашингтон. Но во објектите на Капитолот и во самата централна зграда, има пероснал кој деновиве се вакцинира, јавува весикот.
Во престолнината на САД граѓаните се жалат поради сеуште забарикадираните улици во центарот на градот, и по неколку месеци по насилните настани на 6 јануари. Причината на денешниот инцидент се коментира и во тоа светло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.