Група од околу 30 приврзаници на либиската влада за национално единство ја нападналe зградата на либиската амбасада во Минск.

Како што изјави Мухамед Истејт, претставник на либиската амбасада во Белорусија, кој ги претставува властите под контрола на Калифа Хатар, нападот се случил утрово и дека тој бил претепан во нападот.

Тоа беше терористички напад врз зградата на амбасадата, која се смета за територија на Либија. Тие не се Либијци – изјавил Истејт.

Според него, сите напаѓачи имаат белоруско државјанство, а со нив били поранешниот комесар и благајник на амбасадата од владата за национално единство, што го познавал лично.

Истејт изјавил дека веќе два месеци имал конфликт со напаѓачите и дека ова е втор напад. Тој соопшти дека групата барала од него да ја напушти амбасадата и да им ја предаде на поддржувачите на владата за национално единство.

По соборувањето на Моамер Гадафи дојде до политичка криза во Либија. Владата на национално единство, предводена од Фајез Сараџ, ги контролира Триполи и западниот дел на земјата, а надлежните од источниот дел на земјата соработуваат со либиската национална армија под команда на Калифа Хафтар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.