Неколку свештеници биле повредени, дел од нив сериозно, во напад среде бел ден во една црква во Виена, а властите се сомневаат дека станува збор за грабеж, пренесува „Спутник“.
Полицијата вели дека двајца напаѓачи, чиј опис не е објавен, влегле во црквата „Марија имакулата“ околу 1.30 часот попладне, а нападот траел неколку часа. Полицајците велат дека ги нашле петмината свештеници врзани и претепани околу 4 часот попладнето, а еден е со сериозни повреди.
Според она што го знаеме во моментот, еден од непознатите сторители барал скапоцености и пари. Точниот мотив во моментот е сѐ уште нејасен, но можеме да го исклучиме тероризмот како мотив, потврди полицијата на социјалните мрежи.
Од околу 5 часот попладнето црквата била запечатена и подложена на темелно пребарување, а австриската полиција посочува дека не може да се исклучи дека напаѓачите или други жртви се сѐ уште во зградата, која е поголем објект.Иако областа во непосредна близина на црквата останува затворена, неидентификуваните сторители остануваат на слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.