Непознат маж е застрелан од полицијата во белгискиот град Гент, откако претходно избоде двајца случајни минувачи. Напаѓачот е погоден во раката и потоа уапсен. Еден од минувачите е повреден во стомакот, а другиот во рака, но не е познато во каква состојба се наоѓаат.

Истрагата е во тек, ќе дадеме информација подоцна, изјави јавен обвинител.

Инцидентот се случил скоро во исто време како и нападот во Лондон, кој веќе е регистриран како терористички. Лондонскиот напаѓач беше убиен од полицијата откако претходно избоде со нож две лица во лондонската област Стритхем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.