Федералниот суд на САД додели казна од повеќе од пет години затвор за демонстрант кој учествувал во упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Ова е досега највисоката казна за учеството во немирите во Капитол.

Американското Министерство за правда соопшти дека Роберт Скот Палмер од Ларго, Флорида, е осуден на 63 месеци затвор за напад на полицијата во немирите.

Судот наведува дека Палмер фрлил дрвена даска и противпожарен апарат кон полицајците кои се обидувале да ги спречат демонстрантите, а потоа со шипка ги нападнал полицајците.

Палмер е првиот меѓу учесниците во немирите на 6 јануари кој е осуден по обвинение за напад, давање отпор или попречување на службено лице со употреба на оружје.

Палмер беше уапсен на 17 март. Тој се изјасни за виновен на 4 октомври.

При упадот во Капитол загинаа пет лица, повредени беа голем број полицајци, а причинета беше штета од околу милион и пол долари. Повеќе од 700 демонстранти се обвинети, а Палмер е 65-та личност осудена на затворска казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.