Министрите за финансии на Г-7 денеска оценија дека е подобрена економската состојба во нивните земји и се договорија да продолжат да ги координаираат своите одговори на пандемијата со Ковид-19, изјави портпаролот на американското Министерство за финансии.

На телеконференцијата, министрите ги повикаа сите официјални билатерални кредитори во целост да го спроведат замрзнувањето на долгот на најсиромашните земји во светот, откако тоа беше договорено на ниво на Групата 20 најразвиени светски економии.

Министрите на земјите-членки на Г-7 се согласија и да ги разгледаат дополнителните опции за земјите со ниски приходи, вклучително и ослободување од отплатата на долгот да продолжи и во 2021 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.